Врнежите од дожд причина за не асфалтираната дупка пред кружен тек на влез во Велес

Објавено на 10 мај, 2023 во 10:51

Едно парче од коловозот остана не асфалтирано на самиот влез во Велес Север. Парчето не асфалтиран коловоз се наоѓа токму на удолницата пред кружниот тек над „Штипско Џаде“. Оваа дупка во коловозот претставува проблем за возачите кои се исклучуваат од автопатот и се симнуваат по удолница до кружен тек и да влезат во Велес.

Според раководителот на велешката подружница на Македонија пат,  Ѕвонко Коцевски, тој дел од патот не стигнале да го асфалтираат во викенд работните задачи со кои е извршена поправка на асфалтната подлога околу кружниот тек.

-Извадена е асфалтната подлога околу кружниот тек и нанесен е нов асфалтен слој за време на викендот. Дождот што заврна не спречи да го асфалтираме и тоа парче од коловозот. Не смее да се работи на дожд затоа што треба да се внимава асфалтната подлога да биде нанесена стручно и да не се свлече со водата дождовница. И утрово се прилагодуваме на временските прилики но за жал и во текот на денешниот ден најавата од дожд не ни дозволува да ги продолжиме работите. Го чекаме првиот сончев ден и сушењето на подлогата за да можеме да интервенираме, додаде Коцевки.

Инаку, вработените во велешката подружница на Македонија пат, поправката во овој дел од градот ја извршуваа во ноќните часови. Тоа било неопходно особено поради тешките товарни возила и да не се создава метеж во сообраќајот па затоа е избрано да се работи во ноќните часови околу и после полноќ.

Инвеститор е Јавно претпријатие за државни патишта. Вредноста на поправката е 10 милиони денари. Се асфалтира делницата од крстосница Костурница – кружен тек – железнички премин пред населба „Речани“. Се очекува обнова на асфалтот и на дел од регионалниот пат кој мине низ оваа велешка населба.  

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.