За кражба на пари во Неготино прилепчанка приведена во Полициска станица
Објавено: 2 октомври, 2024, во 12:24 часот
Четириесет и две годишната прилепчанка кражбата ја извршила во домот на И.М (74) во Неготино. Е.М вчера, во 14:30 часот, била лишена од слобода од страна на полициски службеници на Одделот за внатрешни работи Неготино.
Потоа жената крадец била приведена во Полициска станица. Украдените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Дума.мк



