За откриена дрога лишени од слобода двајца велешани
Објавено на 8 мај, 2024 во 10:23
Полициски службеници на Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, вчера вечер,во 23:20 часот на езеро „Младост“ ги лишиле од слобода Д.Ј.(29) и Л.Т.(29), двајцата од Велес.
При преглед на патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј., а сопатник бил Л.Т., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ соопшти Билјана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска