За претседателските избори во Велес се пријавиле да гласаат 143 болни и изнемоштени граѓани
Во Општинската изборна комисија Велес во рокот за примање на пријави, кои што истече на 16 април, поднесени се вкупно 143 барања од болни и изнемоштени граѓани за гласање на претстојните Претседателски избори. По разгледување на поднесените документи, ОИК Велес, одлучила право на избор да им овозможи на 141 пријавен велешанец додека одбила две пријави.
Оваа категорија на граѓани своето право на глас ќе го оствари во вторник, на 23 април, кога членови на Избирачките одбори на Избирачките места, каде што граѓаните гласаат, ќе ги посетат во домовите.
На денот на претседателските избори во општина Велес гласањето ќе се реализира на 75 избирачки места на кои што според Единствениот избирачки список се очекува да гласаат 44760 граѓани. Од вкупниот број на избирачи 22379 се жени и 22381 се мажи.
Убавка Јаневска