За путер со лешници и мед како и „Ирон Плус“, велешкиот медопроизводител и иноватор, Благојче Најдовски ги освои двата златни медали на Новосадски саем
Група фармери од Македонија годинава беа посетители на 21 Меѓународен земјоделски саем во Нови Сад, Република Србија којшто е еден од најголемите земјоделски саеми во Европа со над 1.200 изложувачи од 40 држави. Фармерите на саемот ги разгледаа најновите техничко-технолошки достигнувања во земјоделството, се едуцираа за примената на науката во земјоделството и за најсовремените земјоделски машини.
Во рамките на саемот се одржува и оценување на квалитет на производите на излагачите „НАЈДОБРИ ВО АГРОБИЗНИСОТ“. Станува збор за оценување на квалитетот на земјоделски производи од повеќе категории во конкуренција на повеќе држави во реионот.
Велешанецот Благојче Најдовски, иноватор и добитник на повеќе престижни награди за иновации на регионално ниво, во сериозна конкуренција, годинава, освои две значајни призананија, два златни медали.
Првата за производот Путер со лешници од мед. Станува збор за производ со уникатна формула за спој на мед од драка – чалија, специјално мелен на млин од природен камен со најфина гранулација од 20 микрони и печен лешник, што му дава уникатен вкус на производот. Токму вкусот беше препознат од страна на Комисија и беше награден со златен медал на саемот. Инаку производот го носи името „ТАНЕЛА “ како маркетинг трик со цел да потсетува на сличен кондиторски производ додека името е кованица од Елена и Тања, ќерката и сопругата, на Најдовски.
„Ирон Плус“ е добитник на вториот златен медал за квалитет. Наградениот производ е со состојки од пчела кои се како високо додадена вредност за врвна храна и лек. „Ирон Плус“ може да се употребува за подигнување на имунитет и за вредностите на железото во крвта на лугето со негово конзумирање како храна. Станува збор за уникатна формулација за подигнување на железото во крвта на адолесценти и посебно на женската популација со комбинација од Лиофилизирано цвекло, сушено во лиофилизатор. Оваа машина која ги суши производите на минус 40 степени целзиусови и вакум машината се иноваци на Најдовски. Тој пред две години доби награда во Полска на Европскиот институт за иновации. Во истата машина се добива и лиофилизирана дива шипка, добар извор на природен витамин Ц кој помага за поголемо врзување на железото во крвта на лугето, без никакви нус ефекти. Станува збор за вкусен деликатес кој во иствреме го подигнува имунитетот и железото во крвта.
-Тоа што ги прави единствени и уникатни овие два производи се врвниот квалитет, особено медот од драка, од којшто се направени двата производи, како еден од најквалитетните видови на мед, воопшто во светот. Медот од драка е попознат и под името мед од Исусов трн затоа што станува збор за растение кое се спомнува во библијата каде Исус Христос имал венец од чалија на својата глава по што чалијата го добила своето име „Paliurus spina-christi“, додаде Најдовски.
Минатата година Новосадски саем беше посетен од 120 000 посетители. Годинава се очекува посетеноста да биде поголема.
Убавка Јаневска