Загадувачите на животната средина се oпасност, не цвеќара! – Подкаст XYZ со Лилјана Поповска
Зелениот Договор на Европската Унија е во центарот на вниманието како важен стратегиски план за борба против климатските промени и заштита на животната средина. Но додека владите и институциите играат клучна улога во имплементацијата на овие стратегии, граѓанските активисти допринесуваат во осигурувањето на нивната успешност.
Граѓанските активисти се срцето и душата на промената кон зелено општество. Тие се посветени на промена, работејќи со заедниците и подигнувајќи свест за важноста на одржливоста и заштитата на животната средина. Нивната преданост и ангажираност се критични за успешноста на Зелениот Договор.
Преку различни активности граѓанските активисти посакуваат Зелениот Договор да биде реалност. Тие го подигнуваат гласот на граѓаните, ги поттикнуваат лидерите да дејствуваат и ги креираат условите за развој на зелени практики и иновации.
Погледнете го покастот со Лилјана Поповска, поранешен пратеник, основач на Зелена партија и сегашен граѓански активист. Слушнете за предизвиците кои ги носи функцијата пратеник. Дознајте каде има поискрени луѓе, во политиката или во граѓанскиот сектор? Преку искуството и вештините на нашата гостинка, ќе истражиме како можеме да изградиме Зелена општина како модел за одржлив развој и заштита на природата.
Водители на подкастот се: Марко Ангелов, Ангела Колодезни и Стевче Дечев. Продуцент и техничко водство: Зоран Ставрев. Техничка реализација: Димитар Андонов. Асистент: Филип Спиров. Светло: Панче Спиров. Уредник: Стевче Дечев.
Фондацијата ве поканува да го слушате Импакт Радио на кое 24/7 се емитува музика, без реклами, вести и негативни содржини, но воедно и ги заследите каналите на интернет и социјалните мрежи:
Импакт Медиа – Импакт Нет Фондација на YouTube
Подкастот е снимен во: Вардар Иновативен Хаб, Велес.
XYZ – Green ambassadors (зелени амбасадори) е когрантиран проект во реализација на Фондацијата Импакт Нет, а е поддржан од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата Млади – агенти на промените, имплементиран од Центарот за Интеркултурен Дијалог – Куманово, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражување и анализи – НОВУС Струмица.
Дума.мк