Загина мигрант во Градско
Мигрант на триесет годишна возраст смртно настрадал од струен удар, денеска, кога на Железничка станица Градско качен над вагони на товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје се исправил најверојатно во обид да избега. Поточно несреќата се случила околу 8:40 часот кога полициски службеници од Полициска станица „Михајлово“ вршеле редовна контрола на возот.
Несреќата била пријавена во СВР Велес, Центар за управување со кризи и Итна медицинска помош Велес.
„Смртта над починатиот триесет годишен маж настаната е како последица на струен удар и констатирана е околу 9:40 часот,“ рече др Ќани Амзиу од Итна помош на Здравствен дом Велес.
На местото на несреќата увид извршила полициска увидна екипа и Јавен обвинител по чија наредба починатиот маж е испратен на обдукција. До моментот на објавување на веста не беше утврден идентитетот на загинатиот мигрант.
Убавка Јаневска