Запален подземениот контејнер кај населба Дворови
Поставениот подземен контејнер на улица Гоце Делчев, поточно пред железничкиот премин во населба „Дворови“, бил запален од страна на несовесни граѓани. Пожарот бил веднаш угаснат од страна на пожарникари од Против пожарна единица Велес, но предизвикал штета.
Како што соопштија од Јавно комунално претпријатие „Дервен“, вреќата од подземниот контејнер е оштетена и истиот нема да биде во функција се додека не се изврши негова поправка.
Инаку ова не е прв случај, на 8 ноември, минатата година беше запален подземниот контејнер за комунален смет поставен на улица Благој Ѓорев спроти зградата на велешкиот театар „ЈКХ – Џинот“.
Од ЈКП „Дервен“ апелираат до сите граѓани да не фрлаат пепел од огништата во контејнерите за смет бидејќи предизвикуваат пожари и материјална штета.
Стефани Манева