Започна 17-то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2022 (видео)
Објавено на 6 јули, 2022 во 23:35
Многу песни, игри, шарени носии, фолклорни инструменти беа прикажани на првата фестивалска вечер од ИФФ 2022, којашто, се одржа во амфитеатарот на Младински парк.
Домаќините но и гостите од Хрватска, Бугарија, Турција, Словачка, Србија и Босна и Херцеговина, два часа, ги преставуваа своите земји и фолклорот што се негува во нив, преку песни и ора.
Велешани во ниту еден момент не ги штедеа своите дланки и громогласно ги поздравуваа сите учесници.
Во продолжение погледнете ја првата фестивалска вечер доловена преку камерите на Дума.мк. Уживајте и не заборавајте, утревечер, на истото место во истото време, да ја проследите втората фестивалска вечер.
Стефани Манева