Зголемена за скоро 100 литри во секунда максималната потрошувачка на вода деновиве, од ЈКП „Дервен“ апелираат за рационално користење
Пеколните температури коишто деновиве достигнаа и до 40 степени се причина за зголемената потрошувачка на вода. Резервоарите во градот се постојано полни со вода, но во ударен термин, поточно од 19:00 до 23:00 часот се случува најголемото испумпување на количини вода што се трошат. Од Јавно комунално претпријатие „Дервен“ велат дека поторшувачката на вода од водоводниот систем е покачена до тој степен што доаѓа до нагло празнење на резервоарите преку кои се дистрибуира вода до домаќинствата.
– За разлика од месец мај кога максималната потрошувачка изнесуваше 180 литри во секунда, деновиве потрошувачката се искачува и до 270 литри во секунда, што доведува до нагло празнење на резевоарите за вода од кои се снабдуваат домаќинствата, додаваат од ЈКП „Дервен“.
Засега нема проблем со водоснабдувањето во градот, но ваквиот начин на користење на вода може да доведе и до целосно празнење на резервоарите и во таква ситуација може да дојде до прекин во водоснабдувањето.
Затоа од ЈКП „Дервен“ апелираат до граѓаните водата да ја користат наменски и рационално за потребите на домаќинсктвата со цел да не дојде до прекин со водоснабдувањето.
Стефани Манева