Жител на село Ореше признал дека го предизвикал пожарот откако полицијата го привела
Објавено на 8 август, 2024 во 15:02
Полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.М.(50) од село Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Тој се сомничи дека во вторникот на 6 август 2024 околу 12:00 часот предизвикал пожар во реонот на селата Папрадиште и Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча.
Полицијта од приведениот жител на Ореше одземела предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, а во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.
-За настанот е известен Јавен обвинител и поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по чл.288 од КЗ, соопшти МВР.
Дума.мк