Злоупотребен фејсбук профил на жител на Чашка
Објавено на 15 март, 2023 во 11:21

Четириесет и четири годишен жител на Општина Чашка, вчера, во Полициско одделение Чашка пријавил дека на социјаната мрежа фејсбук едно лице ги искористило неговите лични податоци како и слики и објавувало содржини со непристојна и навредлива содржина.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева
