Со пет нови играчи, Ф.К „Борец“ ги започна подготовките за наредната сезона

Објавено на 25 јуни, 2021 во 14:31

Во прволигашот „Борец“ се изврши прозивката пред подготовките за престојната сезона. Дваесетина фудбалери под водство на шефот на стручниот штаб, Борче Христов, веќе тренираат во градскиот парк и на градскиот стадион. Разговаравме со тренерот Христов кој не го крие задоволството од минатосезезонскиот опстанок во лигата а за следната сезона вели:

-Во моментов го формираме составот. Имаме големи промени. Некои играчи сами си отидоа, на некои им дадовме одврзани раце. Од Борец си заминаа Мишевски, Стојменов, Коцев, Георгиевски, Ефремов, Баша, Гавриќ Османовски. Нови играчи се голманот Стефан Јакимовски од Кадино, Ристе Каракамишев од Силекс, Александар Ѓоргиевски од Охрид, Енсер Љума од Шкендија, Христијан Николовски од Пелистер. Очекуваме уште две до три домашни засилувања и се преговара со неколку стански играчи, додаде Христов.

Играчите на „Борец“ до11 јули ќе тренираат во Велес, потоа ќе заминат на 10 дневни подготовки на Златибор. Спортскиот директор, Петар Ранготов е задоволен како се одвиваат работите со преодниот рок. Според него најдобриот адут е останувањето во клубот на тренерот Христов, за кој вели дека е меѓу најдобрите фудбалски тренери во Македонија.

Лазар  Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.