Кои беа најдобрите 11 фудбалери на Светското првенство во Катар?
Светското првенство во Катар заврши со победа на Аргентина, второто место го освои Франција, а бронзениот медал заврши во рацете на хрватската репрезентација.
Во идеалниот тим на Мундијалот во формацијата 4-1-4-1 има играчи од седум земји, а овој избор е составен од „СофаСкор“.
Д. Ливаковиќ (7.33) од Хрватска е на голманската позиција, во одбраната се Д. Блинд (Холандија, 7.34), Х. Мегваер (Англија, 7.34), И. Конате (Франција, 7.32) и Ј. Јурановиќ (Хрватска, 7.13).
Блескаше и Бразилецот Касемиро (7.50) во средниот ред, следуваат К. Мбапе (Франција, 7.61), А. Гризман (Франција, 7.70), К. Гакпо (Холандија, 7.42), Б. Фернандеш (Португалија, 8.38), а најистурен во нападот е Л. Меси (8.27).
Најдобар стрелец на СП 2022 беше Мбапе со осум голови, а еден помалку запиша Меси.
?️ | Team of the Tournament
— Sofascore (@SofascoreINT) December 19, 2022
The time has come for us to reveal our #Qatar2022 TOTT! ?
Seven different nations see their players featured in our XI, as Bruno Fernandes' four excellent displays for Portugal mean he's our highest-rated player of the tournament! ?#FIFAWorldCup pic.twitter.com/lHcSYna4HT