Одбележување на 100 годишнина од формирањето на велешкиот фудбалски клуб „Горски“

Објавено на 11 август, 2022 во 09:52
Фото: Архива на ФК„Горски“ – Велес

Со фудбалски ревијален натпревар на Градски стадион „Зоран Паунов“ и изложба на фотографии во Ликовен салон Велес ќе се одбележи еден век од постоењето на фудбалскиот клуб „Горски“.

Големиот јубилеј ќе ги собере на едно место спортските ветерани, поранешни фудбалери на клубот,  кои одлучија да одиграат ревијален натпревар на 27 август, сабота, со почеток во 18 часот на Градски стадион „Зоран Паунов“.

Наредниот ден, на 28 август, во Ликовен салон Велес со почеток во 20 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба на фотографии на ФК„Горски“ од основањето до годинава.

Архива: ФК„Горски“ – Велес

Организациониот одбор на ова значајно спортско одбележување во градот ги поканува сите љубители на фудбалот да бидат дел од настаните.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.