По денешниот пораз ФК „Борец“ ќе се бори само за опстанок во лигата
Уште еден пораз на екипата на „Борец“, овој пат од скопски „Работнички“ на Градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес. Натпреварот кој што се одржа во рамки на 12-тото коло на првата фудбалска лига не овозможи победа на домашните фудбалери.
Во првото полувреме фудбалерите на ФК „Борец“ беа подобри и создадоа неколку шанси но не успеаја во ниту една од нив да го погодат противничкиот гол.
Во второто полувреме на теренот имаше сосема друга глетка. Фудбалерите на „Борец“ беа без идеи и сосема безопасни. Нивните противници во 63-тата минута, преку Тодоровски, поведоа со 1 : 0 и до крај успеаја да го сочуваат својот гол.
Во „Борец“ веќе е вклучен алармот затоа што загубени се премногу бодови и доведен е во прашање опстанокот на клубот во првата фудбалска лига.
Лазар Лазаровски