Пораз на ФК „Борец“ на домашен терен
Објавено на 27 септември, 2021 во 10:37
Екипата на ФК „Борец“ загуби пред своите гледачи, на Градски стадион „Зоран Паунов“ од тимот на ФК „Скопје,” со резултат 2:0. Велешани лошо го започнаа натпреварот и по две несватливи грешки примија два „евтини“ гола по што не се опоравија до крајот на натпреварот.
Домашните создадоа неколку изгледни шанси но голманот на гостите имаше одлични одбрани и не дозволи победата да биде доведена во прашање.
Со овој пораз велешки „Борец” се доведе во лоша ситуација на табелата на првата македонска фудбалска лига и ако од некое гостувње не се донесат бодови не му се пишува добро на клубот.
Лазар Лазаровски