РК „Бисинов фруит ленд“ државен пионерски првак на Македонија
Се одржа финалниот турнир во ракомет за пионери. Во Велес во салата на основното училиште „Блаже Конески“ ракометарите на „Бисинов Фруит ленд“, покажаа дека во моментов се најдобри во државата. Во првиот полуфинален натпревар беа подобри од екипата на „Тиквеш“ од Кавадарци со 32:18. Во финалето по голема борба ја надиграа екипата на РК „Струга“ со 21:18.
Во натпреварот за третото место „Рисови“ од Скопје беа подбри од „Тиквеш“ со 23:15.
Турнирот ќе се памети по одличната организација, но и по ретко квалитетните игри на играчите од оваа возраст. Во сите тимови имаше по неколку поединци кои со своите игри најавија блескави кариери.
Најдобар играч на финалниот турнир е Филип Мечкароски од РК „Струга“. Со 15 голови прв стрелец е Мики Лазов од ГРК „Тиквеш“, додека најдобар голман е Јован Ѓошевски од домашниот состав.
Можеби најсреќен по добиеното финале беше Никола Бисинов тренерот на „Бисинов фруит ленд“. За Дума.мк изјави дека кога цел живот макотрпно работиш, успехот е стафикација за вложеното.
-Јас најдобро знам низ што се немам поминато за да стигнеме до овде. Заслужено победивме, ова е надарена генерација и одиме понатаму. Не чека многу работа и напор. Децата вредат. Ќе има уште успеси, додаде Бисинов.
Лазар Лазаревски