Навивачката група Лозари бара промена на управата на ФК Тиквеш!
Собраа 2000 потписи и му ги предадоа на градоначалникот Александар Панов.
Лозарите не сакаат фудбалскиот клуб “Тиквеш“ да биде во сопственост на поединец или на мала група луѓе туку на градот Кавадарци.
“ Собрани се точно 1930 потписи како симболика на годината кога е формиран клубот.Целта ни е „Тиквеш“ да биде спонзориран по пат на членарина или други начини, да се избере модел по кој секој кој соодветно ќе плати да има право на глас и да одлучува. Ова е клуб на градот и затоа мораме да успееме во враќањето на квалитетниот фудбал кај нас“, рекоа од иницијативниот обор на “Лозари“.
Зад иницијативата на навивачката група застана и првиот човек на Кавадарци. Александар Панов меѓу првите го стави својот потпис на петицијата, а денеска нагласи дека на градот му е потребен клуб во кој ќе се знае за се и во кој транспарентно и чесно ќе се работи. “Само на таков начин ќе се привлчат спонзори кои сакаат или допрва ќе имаат намера да учествуваат во финансирањето на клубот. Исто така да се вратат и гледачите на трибините“рече градоначалникот.
После промената на раководството и состојбата во најстариот и најтрофеен клуб ќе се работи на подигнување на нивото на клубот.