Рекреативците се враќаат на атлетската патека на Градски стадион
По бројните реакции на граѓаните, надлежните во јавното претпријатие „ Парк спорт“ попуштија, атлетската патека на градскиот стадион ќе можат да ја користат и рекреативците. Од понеделник вратите на градскиот стадион се отворени за сите, за професионалците и за рекреативците.
Раководството на претпријатието денеска побара од граѓаните и спортските клубови предлози за најадекватно корисење на атлетската патека. Тие имаат една недела на располагање, потоа надлежните ќе воведат термини и само во тие периоди граѓаните ќе можат да рекреаираат. Термините ќе бидат усогласени со тренинзите на спортските клубови.
„Првичниот план е да се направат термини за користење на објектот ,најверојатно претпладне и поладне ,секако во договор со спортските клубови за рекреативците да не им пречат на спортистите во нивните тренинзи. Затоа ги повикуваме сите граѓани неделава да дојдат во претпријатите од 08:00 до 16:00 и да дадат предлози како тоа најдобро би функционирало„ рече директор на ЈП „Парк Спорт“,Александар Табаков.
Од идниот понеделник граѓаните ќе можат да ја користат патеката на Градскиот стадион кога надлежните ќе го направат и соопштат правилникот кој ќе ги дефинира условите на престој и рекреативно трчање.
. „Нашата идеја е од понделник да ги отвориме вратите за сите ракреативци. До тогаш ќе се изработи правилник по кој сите ќе треба да се однесуваат„ рече Табаков.
До крајот на годинава, граѓаните нема да плаќаат за рекреативното користење на атлетската патека. Но ако потоа се направат соблекувалните, туш кабините и тоалетите, надлежните размислуваат да воведат плаќање./Д.С