Спортскиот риболовец Тоше Петрушевски ја одбрани титулата државен првак во категоријата у-25
Објавено на 12 јули, 2021 во 17:50
Членот на ЗСР „Бабуна“ Тоше Петрушевски е државен првак за 2021година во спортски риболов откако во последното коло, кое се одржа на езерото Паљурци, ја задржа предноста пред конкурентите Дарко Грамбозов од „Бистро“ Струмица и Даниел Петровски од „Вардар“ Скопје.
Петрушевски со овој успех се стекна со правото да биде стипендист на Агенцијата за спорт и млади.
На истото езеро се одржа и последното коло од државната сениорска спортско риболовна лига. Титулата ја освои екипата на „Вардар“ од Скопје. Од велешките тимови ЗСР „ Кркушка” е четврта додека ЗСР „ Бабуна“ е седма.
Лазар Лазаровски