Велешкиот атлетичар Димитриевски трет на трката во Кочани
Велешанецот Роберто Димитириевски од АК „Велес“ со време од 17:31 го освои третото место должина од 5 километри на трката Rotary Run којашто се одржа во неделата во Кочани. На трката учествувале вкупно 450 натпреварувачи од целата државата но и од соседна Бугарија и се трчало по улиците во централното подрчје на градот, на патеки со должина од 10, 5 и 2,5 километри, во машка и женска конкуренција и имало рекреативна Family run категорија.
Христина Гиздовска во женска и Григоријан Никовски во машка конкуренција биле најдобри на патеката од пет километри, а на најкратката патека од два ипол километри победници биле Марија Велков и Николчо Костадинов. Првото место на 10 километри во женска конкуренција ѝ припаднало на Теа Божиновска од АК „Скопски маратон“ од Скопје, а во машка конкуренција најбрз бил Мартин Александров Балабанов од Ротари клубот Благоевград од Бугарија.
Третата урбана трка во Кочани била организирана под мотото „Да креираме надеж“ од страна на Ротари клубот Кочани – Виница и со поддршка од Локалната самоуправа на Кочани како и дваесетина компании од регионот.
Инаку велешкиот атлетичар Роберто, редовно учествува на трки и добива награди како во Македонија така и надвор од неа. Тој напорно тренира во Градски парк Велес и се подготвува за трката којашто ќе се одржи во недела на Штипскиот маратон и за Белградскиот маратон што ќе се одржи на 28 април.
Стефани Манева