Висок пораз на Фудбалерите на „Борец“ во Кавадарци

Објавено на 26 април, 2022 во 11:15

ФК „Тиквеш“ важеше на овој натпревар за фаворит но не се очекуваше ваков висок пораз на велешани.

Почетокот им припадна на домашните кои веднаш нападнаа но првата шанса ја имаше „Борец“. Ефтимов за малку беше непрецизен. Потоа со двата гола на Лазаров, „Тиквеш“, поведе со 2:0. По ова се распадна играта на „Борец“ чии играчи делуваа индиспонирано.

Во второто полувреме со уште три гола кавадарчани ја крунисаа подобрата игра. Со овој пораз „Борец“ е второлигаш бидејки на 4 кола до крајот најблиските конкуренти му бегаат 11 односна 12 бода.

Многу брзо првенството ќе заврши а во клубот веке треба да размислат како понатаму. Со реорганизацијата во натпреварувањата ке има единствена втора лига со повеке екипи кои се со прволигашки квалитет. Кој ке бидат амбициите во ова натпреварување брзо очекуваме да дознаеме.

Лазар Лазаревски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.