Фудбалерките на „Борец“ победија на домашен терен

Се случи и тоа, велешанки победија пред своите гледачи. По трите нерешени средби, еден пораз и пет победи на гости го скршија мразот на градски стадион „Зоран Паунов“ и ја совладаа екипата на ФК „АСС Унитед“ од Струга со резултат 2:0.
По првото полувреме кое помина без изразени шанси и со игра на средината на теренот, во вториот дел фудбалерките на „ Борец“ заиграа подобро и со головите на Максимовиќ во 68 минута и на Батиниќ во 76 минута стигнаа до бодовите со кои остануваат во трката за првото место на табелата.
Тренерот Небојша Бреѓан не го криеше задоволството од победата. Тој за Дума.мк изјави:

-Тежок натпревар во кој гостите покажаа зошто се во врвот на табелата. Одигравме паметно и стигнавме до посакуваните бодови со кои остануваме во трката за првото место.
Лазар Лазаровски
