128 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес
Објавено на 8 ноември, 2021 во 09:58
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, во текот на вчерашниот ден, 7 ноември, спроведен зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционрање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Санкционирани биле 128 возила од кои 23 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното и четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.