Активни над 11.000 ковид-случаи, вкупно 5668 лица починаа од почетокот на пандемијата

Објавено на 23 август, 2021 во 10:14

Во Македонија се регистрирани 882 нови случаи на коронавирус, а 14 лица починаа од заразата, соопшти  вчера Министерството за здравство. Како што е наведено, во последните 24 часа се направени 6.591 тестови и 13,38 проценти од тестираните се позитивни.

Досега, вкупно 5.668 луѓе починаа од коронавирус, 168.872 се дијагностицирани од почетокот на пандемијата, а има 11.106 активни случаи.

Институтот за јавно здравје регистрираше дека уште 140 пациенти се оздравеле, така што вкупниот број на излечени пациенти се зголемил на 152.098.

Во Македонија, бројот на новозаразени со корона почна да расте во август, така што се воведе мерка за носење на потврда за вакцинација или сертификат за прележан Ковид-19, како задолжителен документ при влез во угостителски објекти, концерти или натпревари. Според одлуката на владата, поради забрзаното ширење на вирусот, работата на затворените делови од угостителските објекти е забранета, а за седење во отворените делови на кафулињата, рестораните и клубови, лицата над 18 години, покрај еден од горе наведените докази, ќе може да приложат и потврда за најмалку една примена доза вакцина.

Исто така, владата одлучи дека од 1 септември, странските и македонските граѓани ќе мора да имаат сертификат за вакцинација, или негативен ПЦР тест, или доказ дека неодамна го прележале коронавирусот за да влезат на територијата на нашата земја.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.