Царовска: Родителите, наставниците и администраторите имаат обврска да ги спуштат дигиталните учебници на таблетите во училиштата

Објавено на 2 септември, 2021 во 13:11

Учениците имаат и таблети и учебници. Родителите, наставниците и администраторите имаат обврска да ги спуштат дигиталните учебници на постојните таблети што се во училиштата во библиотечниот фонд на таблети и втора работа е дека ги спуштаат по информации – вибер групи, емаил адреси на самите родители за тие да ги инсталираат, истакна денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

Таа посочи дека има дете во четврто одделение и учебниците се спуштени и тука нема никаков проблем дека учебници ќе има.

– Учењето не значи учебник. И многу е значајно новата концепција да ја промени парадигмата на учење. Тоа е идејата на новиот концепт на учење. Учиме преку истражување, учиме преку практикување и учиме преку дискусија и анализа на различни содржини коишто се наоѓаат во различни извори на информирање за да тоа што ќе го научиме утре знаеме да го употребиме. Токму заради ваквиот принцип на учење на препис на лекција од учебник во тетратка имаме најтрагични резултати во Пиза, Тимс и Пернс, рече Царовска, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на паралелката „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија” во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов” во Скопје.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.