ЦУК: Еден активен и 12 изгаснати пожари во изминативе 24 часа

Објавено на 8 август, 2022 во 09:37

Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Дежурниот оперативен центар, согласно информациите и координацијата со субјектите од Системот за управување со кризи утрово направи пресек за пожарите на отворено во последните 24 часа. На територијата на државата еден е активен пожар и 12 пожари се изгаснати.

Според информациите на ЦУК,од постојана комуникација и координација со силите на терен,овие податоците се од 07:00 часот утрово.

Според нид активен е пожарот што се запали вчера кај село Фурка, помеѓу општините Дојран и Богданци околу, 06:00 часот. Според информации на Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица од ТППЕ Гевгелија пожарот е со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Ангажирани сили и служби на терен се: Територјалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и 3 противпожарни моторни возила (пп м.в.), доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со 2 возила и околу 10 вработени, Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари,ТППЕ Валандово со 1 ПП возило и 3 пожарникари, ДЗС-Валандово со 1 возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4/5 луѓе. Пожарот кај с.Фурка е активен на кракот на западната страна на пожарот према Богданци и мал крак према Рибник Елита. На ден 08.08.2022 година во утринските часови околу од околу 05 часот се излезени на терен околу 40 до 50 луѓе од ТППЕ-Гевгелија, ДЗС-Валандово, ЈПНШ Подружница Кожув, а и граѓани од локалното,население.

Во изминатото деноноќие изгаснати се следниве дванаесет пожарите:

Струмица село Ангелци и село Вељуса на стрениште и се гаснешесо 2 противпожарни возила и 6 пожарникари,од 16:25 до 18:30 часотна површина од  2 хектари.

Валандово село Пирава место Оџа борум каде гореше деградирана шума и во чие гаснење учествуваа ТППЕ Валандово со 6 Пожарникари и 2 возила и од ЈПНШ Подружница Саланџак-Валандово 6 вработени и 2 возила. од 12:00 до 16:00 часот на територија од 5 хектари.

Радовиш село Ињево и село Воиславци каде беше запалено стрениште а гаснеа 2 противпожарни возила и 5 пожарникари, од 11:00 до 14:06 часот.

РЦУК Битола село Житоше кон село Борино. Шумски пожар на нискостеблеста деградирана дабова шума.Се гаснеше со 1 противпожарно возило возило со 4 пожарникари, 3 вработени во ЈП Национални Шуми подружница Липа Крушево и 4 лица од месно население. од 16:00 до 19:30 часот 1 ха

Крушево на депонијата во Крушево каде со 1 ПП возило и 2 пожарникари се гаснеше од 12:00 до 14:00 часот.

РЦУК Штип стрениште кај место Лезовски Кантон со интервенција на 1 противпожарно возило и 3 пожарникари, од 13:10 до 14:50 часот.

РЦУК Тетово беше зафатена кровна конструкција и еден спрат од куќата во село Орашје, Јегуновце. Таму интервенираа 3 противпожарни возила и 12 пожарникари,од 06:40 до 10:00 часот.

Тетово гореа сува трева и ѓубриште до стариот објект на Воспитно поправниот дом Тетово со 2 ПП возила и 4 пожарникари од 15:35 до 16:35 часот.

РЦУК Куманово гаснеше стрениште во село Рамановце со 1 противпожарно  возило и 3 пожарникари, од 09:55 до 10:45 часот.

РЦУК Охрид интервенираше на стрниште во село Ложани, кај Кичево со 1 противпожарно возило и 3 пожарникари, од 16:30 до 18:20 часот.

Пожарот кој започна околу 11:55 часот во село Гајре општина Тетово е целосно локализиран во 14:40 часот од страна на ТППЕ Тетово со 2 противпожарни  возила и 6 пожарникари.

Пожарот кај стариот пат од Тетово накај Желино каде гореше сува трева и ѓубре локализиран е од страна на ТППЕ Тетово, во 11:20 часот со едно противпожарно возило и 4 пожарникари.

Во 14:25 часот oд ТППЕ Тетово известија дека во село Челопек, Општина Брвеница, од страна на мали деца било запалено од невнимание балирано сено.Се интервенираше со 2 противпожарни возила и 5 пожарникари.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.