ЦУК: Нема пожари на отворено, 1.592 повици на 112

Објавено на 10 ноември, 2023 во 09:19

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека во вчерашното деноноќие пожари на отворени немало, туку само три интервенции во урбани средини и активни пожари утрово нема. Конкретно, Територијалната противпожарна едница ТППЕ Радовиш во период од 14:45 до 16:45 часот, со три ПП возила и шест пожарникари интервенирале на запалена куќа. Пожарникарите од ТППЕ Струмица во период од 15:05 до 16:05 часот, со едно ПП возило и три пожарникари гаселе запален трактор во с.Турново и пожарникарите од ТППЕ Тетово во текот на денот со 4 ПП возила и 8 пожарникари интервенирале на запалена мини фабрика за брикет во с.Камењане.

На Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК во изминатото деноноќие имало вкупно 1.592. Од повиците за итни случаи најмногу биле упатени кон Полицијата (66,06%) и Итната медицинска помош (31,67%). Другите повици биле упатени кон територијалните единици за противпожарна заштита (ТППЕ), АМСМ, а ЦУК ги решавал, координирал, итните случаи за комбинирано дејствување при што има потреба да интервенираат и од комунални и други претпријатија на општините, а и од други институции, служби и фирми, што се дел од Системот за управување со кризи СУК во државата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.