ЦУК со апел до возачите попладнево да ги избегнуваат планинските превои поради најави на снег

Објавено на 7 декември, 2023 во 12:58

Според УХМР, денес попладне и вечер на повисоките места се очекуваат врнежи од снег и температури околу и под нулата. Затоа апелираме до граѓаните доколку немаат неопходна потреба попладнево и вечерва со своите возила да ги избегнуваат сите планински превои и други вообичаени критични точки при снежни врнежи или доколку патуваат да користат (или со себе да носат) зимска опрема- велат од Центарот за управување со кризи.

Од таму ги повикуваа возачите на тешки товарни возила да бидат исклучително совесни и внимателни, да користат зимска опрема и да ги почитуваат сите евентуални препораки и забрани од МВР.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.