ЦУК: Вчера пожарникари гаснеа шест пожари на отворен простор и сите ги изгаснаа

Објавено на 26 октомври, 2023 во 09:59

Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на шест пожари вкупно на отворен простор и сите ги изгснале, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Денеска временските услови се повлажни и се надеваме дека нема да има многу пожари.

При вчерашните шест пожари на отворено, гореле сува трева и ниска вегетација, деградирана ниска шума, отпадоци и слично, во Општина Битола, кај с.Лознани; Општина Новаци, покрај патот за с.Новаци; Општина Велес два пожара – во населба „Речани и кај с.Рлевци; Општина Неготино, кај с.Војшанци и во Општина Куманово во кругот на оштината.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.