ЦУК: Во последното деноноќие нема пожари на отворено туку само во населени места и 1.375 повици на 112
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во последното деноноќие, согласно пристигнатите директни информации од граѓаните и од институциите од Системот за управување со кризи (СУК), нема податоци за регистрирани пожари на отворено, пожарникарите интервенирале само врз пожари во населени места и има вкупно 1.375 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК.
Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот што избувна на 22.11.2023 година во 10:30 часот во магацинот со продавница за желзарија и бои и лакови „Еуроком“ во с.Фалише, Општина Тетово, вчера 23.11.2023 година во 14:00 часот е изгаснат, но се уште на места има чад. Пожарната е повлечена, а на лице место има само екипа од полиција којашто го обезбедува местото додека да се изврши увид за настанот. Регионалниот ЦУК Скопје, известува пожарникарите од БППЗ на Град Скопје дека во период од 09:25 до 12:05 часот гаснеле опожарена барака за живеење во населбата „Гоце Делчев“, во Општина Гази Баба, при што интервенирале со 4 ПП возила и 5 пожарникари. Регионалниот ЦУК – Струмица, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струмица во период од 16:55 до 19:30 часот со 5 пожарникари и 2 ПП возила гаснале запален стан на ул. „Васил Сурчев“ во Струмица.
Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.626. „Реални“ повици за итни случаи имало 43,78 %. Имало 56,22 % други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање.
Кон Полицијата биле упатени 44,24 % од повиците, кон Итната медицинска помош 44,84 %, а кон пожарникарите биле упатени 5,46 %, и кон ЦУК имало 5,46 % од итните реални повици за комбинирано решавање, секако и дополнително за решавање и заедно со другите 65 %, именувани и како „неитни повици“. ЦУК, преку својот Сектор за операции и координација ги координира итните случаи за коишто е потребно комбинирано дејствување за нивно решавање од повеќе институции или служби од СУК во државата.
Дума.мк