Денеска облачно со сончеви периоди, од утре пороен дожд
Претежно облачно, во источните делови со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.
Утре и во четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на места поинтензивен и проследен со грмежи и засилување на ветерот. Дневната температура ќе се намали. Од петок се очекува посончево и потопло време, со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови.
Очекуваните врнежи од дожд во текот попладневните часови и за време на ноќта ќе предизвикаат зголемување на водостоите на реките низ земјава. Доколку локално бидат процесите поинтензивни можни се локални излевања кај суводолиците и помалите реки, како и локални проблеми кај дел од градските населени места.
Дума.мк