Денеска се регистрирани 2 нови случаи на ковид-19, нема починати лица

Објавено на 30 јуни, 2021 во 15:01

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2216 тестирања, а регистрирани се 2 нови случаи на ковид-19 од Скопје.

Не се регистрирани оздравени пациенти, а не се регистрирани ни починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 879 339 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 684, бројката на оздравени пациенти е 149 977, на починати е 5484, а бројот на активни случаи изнесува 223.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.