Денеска се регистрирани 54 нови случаи на ковид-19
Објавено на 29 јули, 2021 во 14:25

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 16, Тетово 9, Битола и Дебар по 6, Куманово 5, Кочани 3, Гостивар и Струмица по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово по 1.
Регистрирани сe 12 оздравени пациенти и не се регистрирани починати пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 966.813 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројката на оздравени пациенти е 150 333, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 401.
