До петок преодно стабилизирање на времето, потоа нов бран на обилни врнежи и засилен ветер

„Македонија е под преодно стабилизирање на времето. Од петок, 7 ноември до понеделник, 10 ноември, државата ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран од Медитеранот со услови на нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни како и проследени со појава на грмежи со засилен јужен ветер.
И во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме нови врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер од јужен правец.
Локално за време на овој влажен воздушен бран ќе наврне позначително количество на воден талог, над 25 литри на метар квадратен дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


