Дојави за бомби добиле и „Мериот“, „Ист Гејт“ и пет училишта во Битола
Во текот на утрово пристигнале закани за поставени бомби и во училишта во Скопје и во Битола, информираат од МВР за „Локално“.
Според МВР, дојави за експлозиви стигнале на адресите и на хотелот ЊМериот“ и ТЦ „Ист Гејт Мол“.
-Дo сега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел Александар Палас, хотел Мериот, трговски центар Ист Гејт, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, стои во дописот од полицијата.
Заканите за експлозивни направи веќе станаа секојдневие во земјава. Во текот на вчерашниот ден имаше дури 49 дојави, што е најголем број за еден ден откако почнаа овие немили настани.