Дојави за бомби пристигнале на адресите на 18 училишта

Објавено на 2 март, 2023 во 10:00

Закани за експлозивни направи утрово испразнија 18 училишта во Скопје, информираат од полицијата.

-Денеска, втори март, до 08.20 часот во МВР e пријавено дека на електронските адреси на 18 училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, појаснуваат од МВР.

Вчера имаше дојави во 120 училишта и сите беа утврдени како лажни после спроведените антитерористички проверки.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.