Досега со „Фајзер“ се вакцинирани се околу 500 деца
Објавено на 20 јули, 2021 во 11:56
Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите соопшти дека досега околу 500 деца ја имаат примено првата доза од вакцината „Фајзер“.
-Со надеж дека овој тренд на вакцинирање ќе продолжи и во иднина, со цел што побрзо да се стекне колективен имунитет, додаде Филипче.
Преку сајтот вакцинација.мк вкупно биле пријавени 1.800 деца.