Д-р Даниловски: Kовидoт не се лекува, на вирус не се дава антибиотик

Се надевам дека масовната вакцинација ќе биде успешна и нема да дојдеме до лекување на голем број лица во болници, кажа епидемиологот Драган Даниловски на денешната трибина во врска со состојбата на корона вирусот во нашата земја.
-Според моите досегашни созанија како и по социјалните мережи и во приватни разговори постои немар од страна на поголем број на лекари во однос на начинот на лекување во оваа цела ситуација.На вируси не се дава антибиотици, а тие се даваа масовно. И тоа мислам дека Лекарската комора треба да организира курсеви за тоа како се применуваат антибиотците. И да се направат протоколи за лекување. Всушност ковид не се лекува тука треба да се поддржува со течности па дури со јогурт. Зошто со јогурт ? Ми се смеат кога ќе кажам, а тоа е заради што имунолошкиот систем е зависен од цревната флора кој ја регулира нашата одбрана,кажа Даниловски.
