Се создава славјанска унија како пандан на ЕУ?!
Можно е создавање на славјанска унија во која би членувале Русија, Белорусија, Украина, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Лужатија, Бугарија, Црна Гора, Полска, Чешка и Словачка, пишува Фактор.
Така би се основала “Лига на Словенските Земји”.
Според Игор Мураџан, аналитичар во ерменскиот весник “Еркрамас”, од оваа пролет се прават обиди да се најде заеднички јазик меѓу Србија и Бугарија и да се поврзат нивните заеднички интереси.
На тие состаноци меѓу другото се разговарало и за унија меѓу Србија, Бугарија и Грција, во која подоцна би се придружиле Македонија, Црна Гора и Кипар.
Мураџан додава дека на оваа унија можно е да и се придружат Хрватска и Словенија.
Македонските и Бугарските министри наводно веќе примиле предлозите да се приклучат во работата во сите сфери.
Слични обиди се прават и меѓу другите земји во регионот.