ТВ претплатата ќе ја укинеме, напиша на ФБ вицепремиерот на Србија!
Објавено: 23 мај, 2013, во 22:04 часот
Српскиот потпретседател на Владата Александар Вучиќ објави на својот Фејзбук профил дека телевизиската претплата ќе биде укината.
„- Тоа е наша обврска од која нема да се откажеме” напиша српскиот вицепремиер Вучиќ на својот Фејзбук профил. Телевизиската претплата како што им ветив на граѓаните на Србија ќе биде укината“. Тој соопшти дека како човек не припаѓа на оние луѓе кои само ветувале, а не исполнувале, односно правеле маркетиншки трикови.
