Бегалците ќе имаат можност за вработување во Германија, најбарани програмери и инжинери
Оваа година во Германија се очекува да дојдат 800.000 луѓе, државјани на Еритреа и мигранти од Косово и Албанија, а некои имаат добри шанса и да се вработат со оглед на тоа дека во одредени сектори до 2020 година на Германија ќе и бидат потребни 1,8 милиони нови работници, пренесува српски „Курир“.
Сите беглаци и мигранти нема да можат да останат во Германија, но инжинерите, програмерите и техничарите ќе имаат шанса да конкурираат за работа, оти токму во тие области во овој момент на германските компании им недостасуваат 140.000 работници.
Инаку, според прогнозите на институтот Прогнос, до 2020 година на Германија ќе и требаат 1,8, а ако оваа тенденција продолжи, до 2040 година ќе и требаат 3,9 милиони нови работеници.
„Тие што како беглаци доаѓаат кај нас, треба брзо да станат наши колеги и комшии“, рече германската министерка за работа и социјална политика Андреа Налес, која исто така истакна дека Германија ги воведе олеснувања за мигрантите кои во Германија бараат пракса како прво работно искуство.
