Bloomberg објави листа на најиновативни економии во светот, Македонија не е рангирана

Објавено: 18 јануари, 2017, во 08:38 часот

Во трката за иновативни идеи во светот, Шведска се искачи на 2. место, a во првите пет се најде и Финска. 2017 Bloomberg Innovation Index веќе години по ред ги рангира најиновативните економии во светот според повеќе фактори, како инвестирање во истражување и развој, како и концентрација на напредно технолошки јавни компании.

Јужна Кореја остана големиот победник, добивајќи многу во категоријата инвестирање во истражување и развој, со додадена вредност на производство и патентирање производи, како и рангирање во првите пет во категоријата на голема застапеност на напредна технологија и висока концентрација на високо образовани луѓе и истражувачи.

Сребрениот медал на Шведска се должи на значителното подобрување на производството, додека нејзиниот скандинавски сосед Финска се качи за две места најмногу поради зголемениот број на напредно технолошки компании во државата. Норвешка го држи 14. место, исто како и минатата година.

Се чини дека свежите идеи навистина се исплатливи во Шведска, и покрај фактот дека новата влада на Шведска помалку бизнис ориентирана и наметна даноци на работна сила што ги кочи бизнис инвеститорите, вели Магнус Хенрексон, директорот на Research Institute of Industrial Economics, приватна фондација во Стокхолм. Швеѓаните промовираат атмосфера на огромни лични амбиции, за разлика од некои европски соседи кои ги преферираат колективните залагања кои и не се толку погодни за иновации, додава тој.

„Културата е таква што луѓето се навистина индивидуални – ова значи дека тие имаат идеи и се заинтересирани во остварување на истите со цел да стекнат големо богатство. Мотивацијата и стимулаторите постојат, а погоден е и даночниот систем.“, вели Хенрексон.

Една предупредувачка нота за Шведска за оваа година е тоа што доста ниската вредност на валутата крона среде лесна монетарна политика придонесе позитивно за извозот на државата, Хенрексон предупредува дека овој бенефит нема да трае долго.

Најголемиот губитник оваа година според индексот на Bloomberg е Русија, која се најде на 26. место, паѓајќи цели четиринаесет. Поради санкциите и ефектите од неколку годишната намаленост на енергетските цени, добрите оцени кои Русија ги доби минатата година за производство и продуктивност, беа изгубени годинава.

Во Јапонија каде јенот веќе некое време се труди да се издигне после две годишното опаѓање на неговата вредност, се придвижи од 4. до 7. место, исто така поради губењето на нивните досегашни најдобри активности во патентирањето. Хрватска исто така падна за три места, од 38. на 41. место.

САД паднаа за едно место и сега се на 9., додека пак Израел се помести нагоре кон 10. место. Кина го задржа 21. место и ја оправда својата титула на најсилно рангиран пазар во подем.

Рангирањето започна со преку 200 економии, со тоа што оние кои не прикажале податоци барем за шест или седум категории кои се оценуваат, се елиминирани од листата, што ја намали листата на 78 рангирани.

Bloomberg детално ги објави вкупните оцени, како и оцените по категории за најдобрите 50 иновативни економии во светот.

Извор: Inovativnost.mk

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.