ЕУ, од сабота, со единствена возачка дозвола!
Објавено на 17 јануари, 2013 во 19:33
Сите земји членки на Европската унија од сабота почнуваат со издавање единствена возачка дозвола, соопшти денеска ЕК.
Новата возачка дозвола на која се чекаше седум години има лик на кредитна картичка а постепено ќе треба да ја заменат со старата повеќе од 300 милиони граѓани кои управуваат моторни возила во државите на ЕУ.
Портпаролот на ЕК изјави дека новата единствена дозвола за сите граѓани на ЕУ ќе влијае врз подобрување на безбедноста на патиштата и ќе придонесе во борбата со илегалните возачки документи.
Таа официјално ќе биде промовирана утре и ќе биде стандардизирана со различни национални симболи. Дозволата ќе важи 10 и 15 години.