Грција ги отвори сите гранични премини
Објавено на 2 јули, 2021 во 10:02
Официјалната министерска одлука за отворање на сите копнени гранични премини на Грција кон соседните земји е веќе објавена во службен весник. Според ова, освен преку Евзони, на територијата на нашиот јужен сосед може да се влезе и преку Ники -Меџитлија и Дојран.
Во споредба со претходно, од денес сите гранични премини ќе работат 24 часа.
Од копнените гранични премини, освен трите кон Северна Македонија, отворени се и Промахонас, Орменио, Нимфеа и Ексохи кон Бугарија, Кастањес, Кипи кон Турција и Кристалопиги и Какавја кон Албанија кои работат 24 часа, а единствено Мавромати кон Албанија е со работно време од 8 до 16 часот и дозволен влез на најмногу 250 лица.