Изминатото деноноќие изгаснати 22 пожари
Објавено на 21 август, 2023 во 11:58
Центарот за управување со кризи информира дека во текот на последното деноноќие изгаснати се 22 пожари и утрово нема активни пожари.
Вчера беа пријавени пожари на повеќе локации. Два пожари имало во Скопје, на улицата „Скупи“ во Карпош и кај новиот пат Сарај-Рашче, каде што горела сува трева.
Како што соопшти ЦУК, два пожари имало и во општина Новаци, кај село Далбеговци и Новаци кон Рибарци во месноста „Ергела“.
Изгасени се пожарите во Ресен, Крушево, три пожари во Гостивар, Дебар, општина Брвеница, Кичево, Штип, Пробиштип.
На територијата на Куманово вчера се изгаснати вкупно шест пожари, кај селата Брзак, Ропалце, Ваксинце, Ропалце – Умин дол, Рамановце, Средорек.
Дума.мк