Ковачевски го поднесе предлогот, викендов ќе се гласа за новата Влада
Мандатарот Димитар Ковачевски вчера ги достави предлог-програмата и составот на новата влада до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој сега треба да закаже седница за гласање за избор на новиот премиер и министри, најверојатно претстојниот викенд.
Енергетската криза, животниот стандард и инфраструктурата ќе бидат приоритетите во програмата на новата Влада која вo просторот кој му го оставија коалиционите партнери Ковачевски вели дека направил спој на нови и искусни кадри.
– Во новата владина програма се вградени програмските определби на новиот владин партнер Алтернатива, како и програмските цели – справување со енергетската криза, задржување на животниот стандард на граѓаните и на компаниите и исполнување на целите за големите инфраструктурни проекти – рече Ковачевски.
Во клучните министерства, МВР и Финансии нема промени. Коалицискиот договор кој го потпиша Заев на Ковачевски му донесе нов министер за здравство од редовите на Алтернатива, партија која што ќе држи уште два ресори во Владата. Освен за Филипче, во новата Влада на Ковачевски нема место ниту за Шеќеринска ниту пак за Димитров и Царовска. Се менуваат и половина од владините потпретседатели. На местото на Љупчо Николовски кој оди во земјоделие доаѓа Славица Грковска Лошкова. Нов вицепермиер ќе биде и Маричиќ кој ротира од правда во СЕП а на негово место доаѓа просфесорот од правен Никола Тупанчевски. Битиќи ја задржува потпретседателската функција исто како и Артан Груби чија партија не промени ниту еден кадар.