Јанкуловска му одговори на СДСМ!

Објавено на 9 јануари, 2013 во 16:00

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по барање на новинарите ги коментираше барањата на опозицискиот „Сојуз на иднината“, предводен од СДСМ, за смена на министрите за правда, за внатрешни работи и за финансии со личности кои со својот кредибилитет ќе гарантираат објективност на изборниот процес.

 

Јанкулоска истакна дека тоа не е добро за државата, затоа што „институциите мора да продолжат да работат без разлика на тоа што независноста за СДСМ по дефиниција е власт во која тие имаат апсолутна доминација, односно во која се извршуваат нивните партиски наредби“:

„За успешноста или неуспешноста на функционирањето на МВР најмногу говорат резултатите, но уште повеќе говори довербата која граѓаните ја даваат на една политичка гарнитура на избори. СДСМ шест пати по ред од година во година трпи се покатастрофален пораз, не од министрите, туку од граѓаните кои не им ја даваат довербата единствено заради фактот што тие немаат никаква конкретна понуда, проекти и немаат резултати кои би ги презентирале од времето кога тие имале можност да раководат со државата“, рече Јанкулоска.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.