Патиштата проодни со влажни коловози!
Објавено на 29 јануари, 2013 во 08:15
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, во зимски услови, наместа по влажни коловози.
Поради ниските температури можна е појава на голомразица на планинските превои, мостовите, осојничавите места.
По клисурите и засеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.
